Пред стартот на пролетниот дел од сезоната, екс-македонскиот шампион Шкендија промовираше уште едно ново засилување со кој ќе ја нападне титулата во домашното првенство.
Екипата од Тетово се засили со напаѓачот од Јамајка, Роналдо Вебстер кој доаѓа од редовите на штипска Брегалница.
Вебстер имаше договор со Брегалница до јуни 2025 година, но Шкеднија реши да го откупи од конкурентот.