Навивачите бараат смена на раководството на Вардар

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Здружението за промоција на спортски активности 35 години Вардарци Скопје кое ги застапува навивачите на „црвено-црните“ Комити , побараа смена на актуелното раководство на ФК Вардар.

Новиот сопственик на клубот Атила Бижен Жалили, за извршен директор на Вардар го назначи Миленко Неделковски, додека за неизвршни членови во раководството се именувани Владо Петровски, Александар Кузмановски и Борче Крстовски-Илиоски.

„Комити“ се незадоволни од односот кон нив на Миленко Неделковски.

– Ние никогаш не сме кажале дека имаме стереотипи кон одредени личности, затоа што и ние се бориме со стереотипи цело време. Ние само сметаме дека Неделковски не е за тоа место во Вардар. Не е достоен да биде директор во Вардар. Ние стоиме зад тоа дека на чело на Вардар треба да биде човек кој не го поларизира општеството и не ги политизира нештата во фудбалот и спортот, туку човек кој обединува. Затоа што на Македонија и Вардар им требаат само обединување – изјави Милорад Миленковски од „35 години Вардарци Скопје“.

Сепак треба да се нагласи дека во договорот потпишан при предавањето на мнозинскиот (85 %) пакет на акции, Комити управувањето му го доделија на новиот сопственик.

– Моравме да го предадеме клубот на друг сопственик, бидејќи финансиската состојба беше независна, а добивме и уверување дека работите ќе се средат. Можеби немаме извршна моќ да ги менуваме внатре работите, но ние сме гласот на ФК Вардар и за секој проблем во клубот ние сме тука да алармираме – додаде Миленковски.

Според него можно е во блиска иднина сметката на ФК Вардар да биде одблокирана. Неговите пресметки се дека долгот на Вардар е помеѓу два и три милиони евра.

Share This Article