Тим од Универзитетот во Берн во Швајцарија проучувал 165.000 возрасни лица во Велика Британија и во 15 други земји, кои биле прашани колку се задоволни од нивната врска. Научниците откриле дека паровите се помалку задоволни од нивната врска по 10 години брак. Д-р Јанина Булер, една од авторите на студијата, вели:
– За време на врската, паровите разговараат меѓу себе помалку ефикасно. Тие исто така покажуваат помала наклонетост и сексуална возбуда еден кон друг. Тоа со текот на времето ги прави партнерите помалку задоволни, па многумина ќе се разделат.
Сепак, има надеж, бидејќи ако парот сфати дека има проблем во комуникацијата и во интимната сфера, може да работи на подобрување на врската. Научниците изјавиле дека задоволството во врската почнува повторно да расте пред дваесетгодишнината.
Тимот од Швајцарија, кој работел на студијата, соопштил дека подигањето на свеста на луѓето дека е нормално да се доживее пад на задоволството во врската помага да се „спротистават на нереалните очекувања“.