Вообичаено, додека просечната жена во раните свои 20-ти има 80 отсто можност да забремени по природен пат, тоа се преполовува до 40-тата година. Истражувачите од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим покажаа дека стареењето може да се промени со антивирусен лек што се користи за лекување на ХИВ. Имено, тие направиле јајце-клетките на 40-годишничка да изгледаат како оние на 20-годишничка.
Тоа, според наводите, делува така што го спречува оштетувањето на ДНК-та што се случува за време на процесот на стареење, со блокирање на генетските оштетувања, какви што има и при вирусни инфекции.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.