Научниците предвидуваат дека 2025 година ќе биде третата најтопла година досега, веднаш по 2024 и 2023 година, кои ќе се најдат на првото и второто место на листата на најтопли години во историјата на мерењето на температурите.
Според британската Метеоролошка служба, се очекува просечната глобална температура во 2025 година да биде најмалку 1,29 степени Целзиусови повисока од периодот пред индустриската револуција, а во одредени сценарија може да достигне и до 1,4 степени.
Оваа година ќе го надмине рекордот на 2020 година, која на крајот ќе се најде на четвртото место.
Податоците објавени од „Скај њуз“ ја потврдуваат загриженоста за континуираниот пораст на глобалните температури и климатските промени.