More

    Научниците открија многу ситни објекти кои се опасност за нашата планета

    spot_img

    Астрономите откриле неочекувано голем број мали астероиди во главниот планетарен појас помеѓу Марс и Јупитер, благодарение на архивски податоци од вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JVST). Станува збор за 138 досега непознати објекти, со големини од градски автобус до неколку стадиони. Изгледа дека шест од овие астероиди се на патеки кои можеби ќе ги приближат до Земјата, објави Лајв сајнс.

    Откритието е значајно за одбраната на планетата бидејќи овие „декаметарски“ астероиди, со дијаметар од околу 10 до 100 метри, претставуваат можен ризик за нашата планета.

    Иако тие се мали по големина, ваквите вселенски камења можат да предизвикаат огромна штета при удар. На пример, во 2013 година, метеор со ширина од само неколку десетици метри експлодираше над Чељабинск во Русија, ослободувајќи 30 пати повеќе енергија од атомската бомба фрлена на Хирошима.

    – Мислевме дека ќе откриеме само неколку нови објекти, но откривме многу повеќе одошто очекувавме, особено мали – објаснува астрономот и коавтор на студијата, Жулиен де Вит од MIT (САД).

    Се смета дека најмалите астероиди, откриени во планетарниот појас, се фрагменти од судири кои вклучуваат поголеми камења со големина на километар. Најсовремените инфрацрвени способности на JVST беа клучни за нивното откритие бидејќи неговите сензори откриваат топлински емисии кои зрачат од астероиди, кои се појасни и полесни за забележување од слабата сончева светлина што се одбива од нивните површини.

    Идните набљудувања на JVST, кои ќе ги таргетираат 15 до 20 дополнителни ѕвезди во текот на најмалку 500 часа, можат да откријат уште илјадници декаметарски астероиди. Исто така, новите телескопи како што е Опсерваторијата Вера C. Рубин во Чиле, исто така, ќе ја револуционизираат детекцијата на астероиди.

    Од 2025 година, опсерваторијата ќе користи најголема дигитална камера на светот за фотографирање на јужното небо, ноќе, најмалку една деценија. Се очекува дека сликите со висока резолуција од опсерваторијата, кои покриваат површина еквивалентна на 40 цели месеци по експозиција, ќе го удвојат познатиот каталог на астероиди во рок од само 6 месеци, откривајќи до 2,4 милиони објекти.

    Ова откритие ја нагласува растечката улога на современите технологија и стратегии за набљудување во заштитата на Земјата од заканите од вселената, нудејќи им на астрономите појасен поглед на една од најголемите популации на објекти во Сончевиот систем.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img