Научниците открија едноставен начин како да отстраните 90 отсто од микропластиката од водата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Микропластиката се чини дека е насекаде, во водата, почвата и воздухот.

Иако се вложуваат различни напори за да се ослободиме од овие ситни честички пластика, според студијата објавена во списанието Environmental Science & Technology, питката вода од чешма може да се прочисти со правење филтер кафе или чај.

Поточно, со едноставно зовривање на водата од чешма и нејзино филтрирање преку обичен филтер за кафе, може да се отстранат речиси 90% од присутните микропластични честички.

Истражувањата за влијанието на микропластиката врз човечкото тело се уште не се дефинитивни, односно секојдневно се прават нови истражувања и се собираат податоци, но досегашните сознанија покажуваат дека таа може негативно да влијае на микробиомот на цревата, а со тоа и на имунитетот и здравјето воопшто.

 

Постојат напредни системи за филтрирање на водата за пиење кои можат да го намалат количеството на микропластика, но кинеските научници Џанџун Ли и Еди Зенг ги интересирало дали постои поевтин начин, кој е попристапен за поголем број луѓе.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Share This Article