More

    Научниците открија дека парчиња мраз стигнувале на Земјата преку комети

    spot_img

    Водата која се наоѓа на нашата планета Земја е постара од нашето Сонце, откриле научниците. Таа била тука пред да се формираат Сонцето и Сончевиот систем. Како? Истражувачите веруваат дека водата веќе била дел од маглината која постоела пред да се формира Сонцето. А како таа дошла на Земјата? Преку комети кои ја донеле судирајќи се со нашата планета која исто така тогаш се формирала, пишува ИФЛ Наука.

    За да го разберат сето ова, истражувачите всушност морале да истражат две – води. Првата е обичната вода која ја знаеме, направена од еден атом на кислород и два атоми водод, додека другата е нејзина „братучетка“ – таа наместо два атоми водовод има два изотопи на водовод, тоа се водородни атоми кои имаат плус неутрони во јадрото.

    Овие две води ги има насекаде во природата и тие се во даден однос. Во сличен сооднос ги има и во кометите, што укажува од каде потекнале.

    Но, кога се случило ова бомбардирање со комети? Пред милијарди години. Токму во моментот кога Сонцето се формирало во еден облак од гас. Тоа исфрлало „прашина“ од која понатаму се создавале планети – но и комети.
    Научниците успеале да го набљудуваат ваквиот процес кај еден ѕвезден систем кој е оддалечен 1.300 светлосни години од Земјата. Во овој ѕвезден систем, кој е во формирање, соодносот на тешката и обичната вода бил многу сличен како кој оној на кометите кои провејуваат во нашиот Сончев систем.

    – V883 Orionis е алката што недостасуваше во случајов – вели водечкиот автор Џон Џеј Тобин, астроном во Националната радио астрономска опсерваторија.

    – Неверојатно е што најдовме вода во далечен ѕвезден систем која е како онаа овде на Земјата. Но, исто така ова ни кажува дека водата што ја пиеме и користиме е многу постара од нашата планета. Сега можеме да го следиме потеклото на водата во нашиот Сончев систем до пред формирањето на Сонцето – објасни Тобин.

    Во иднина научниците сакаат со појаки инфрацрвени телескопи точно да го набљудуваат патот на водата од ваквите облаци, кои уште се Сонце, односно цел систем во формирање, па до кометите – кои се како курири кои го носат овој мраз до планетите.

    Сегашното истражување било направено со познатиот телескоп АЛМА.

    фото: pixabay.com

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img