More

    Научниците од ЦЕРН открија интересен феномен

    spot_img

    Кој би рекол дека во тунелите на акцелераторот на честички во ЦЕРН се крие невидлива појава? Физичарите од ЦЕРН тврдат дека откриле феномен кој може да го промени патот на честичките и всушност – да создаде проблеми во нивното истражување.

    Научниците на суперпротонскиот синхротрон (вид на акцелератор на честички) конечно ја измериле и ја квантифицирале таа структура која ја опишуваат како четиридимензионална, а резултатот е феномен познат како резонанца.

    – Честичките не го следат точно патот што го сакаме поради овие резонанции, а потоа тие одлетуваат и се губат. Ова предизвикува деградација на зракот и го отежнува постигнувањето на потребните параметри на снопот – вели физичарот Џулијано Франчети.

    Резонанца се јавува кога два система комуницираат и се синхронизираат. На пример, може да има резонанца меѓу орбитите на планетите додека тие гравитационо комуницираат при нивното патување околу ѕвездата, а пример е и звучната виљушка (камертон) која резонира со звучните бранови од друга виљушка штом ги погодат нејзините врвови.

    – Во физиката на акцелератори размислувањето честопати е само во една рамнина. За мапирање на резонанца, неопходно е да се измерат честичките на хоризонталната и на вертикалната рамнина – вели Франчети.

    Користејќи ги мониторите за положбата на зракот по должината на суперпротонскиот синхротрон, позициите на честичките биле измерени за приближно 3.000 снопови на зраци. Со внимателно мерење каде се центрирани честичките, или со нивно поместување на една страна, тие можеле да генерираат мапа на резонанца што го обиколува акцелераторот.

    – Нашето последно откритие е посебно бидејќи покажува како поединечните честички се однесуваат во поврзана резонанца. Можеме да покажеме дека експерименталните наоди се совпаѓаат со она што беше предвидено врз основа на теорија и на симулација – истакнале научниците.

    Следниот чекор е да се развие теорија која опишува како поединечните честички се однесуваат во присуство на акцелераторска резонанса. Ова, тврдат истражувачите, на крајот ќе им овозможи нов начин да ја ублажат деградацијата на зракот и да постигнат предвидливи зраци потребни за тековните и за идните експерименти во забрзувањето на честичките.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img