Националните телевизии се „на свое“, другите станици се дават, а радијата живуркаат

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Радиодифузната индустрија во 2023 изгубила загуба од 4,24 милиони евра. Јавниот сервис прикажал загуба од 2,14 милиони евра, додека комерцијалните телевизии загуба од 2,28 милиони евра. Единствено комерцијалните радиостаници оствариле добивка од 10 милиони денари или околу 162.000 илјади евра.

Ова го покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година, која беше презентирана на третиот јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

МРТ тешко доаѓа до парите од Буџетот што ѝ следуваат

Катерина Доневска од АВМУ посочи дека финансискиот резултат на комерцијалните телевизии е најлош од 2018 година. Загубите на индустријата, во споредба со претходната година, се зголемени за три и пол пати.

Половина од вкупните приходи во радиодифузната индустрија доаѓаат од рекламирање (50,28%), додека 39,47% се средства од државниот буџет префрлени на сметката на МРТ. Останатите 10,25% од приходите се остварени по други основи.

Доневска истакна дека Владата повторно не ги префрлила предвидените средства за МРТ, што резултира со потешкотии во работењето на јавниот сервис.

– Во последните шест години, МРТ добила речиси 3 милијарди денари (48,78 милиони евра) помалку од предвиденото според Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Ова е една од причините за негативниот финансиски резултат на јавниот сервис – рече Доневска.

Минатата година, МРТ остварила 12,28 милиони денари (околу 200.000евра) од рекламирање, што претставува само 1,2% од вкупните приходи.

Националните телевизии не се за жалење, ама ни за фалење

Телевизиите Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма заедно оствариле приходи од околу 18 милиони евра, додека нивните трошоци изнесувале околу 17,94 милиони евра. ТВ Сител имала највисоки приходи и најголеми трошоци, додека најниски приходи остварила ТВ Телма.

Овие телевизии 86,30% од своите приходи оствариле од продажба на време за рекламирање. Најголемо приходи од рекламирање имала ТВ Сител (98,07% ов вкупните приходи), следена од ТВ Канал 5 (93,73%), ТВ Телма (90,47%) и ТВ Алсат-М (87,31%).  Забележително пониско е учеството на овој вид приходи во вкупните приходи на ТВ Алфа, која од продажба на времето за рекламирање остварила само 30,17% од вкупните приходи. За оваа телевизија најзначаен извор на приходи во анализираната година биле приходите од продажба на содржини, во вкупен износ од 89,09 милиони денари.

- Advertisement -
Ad image

– Вкупните приходи од рекламирање на овие пет телевизии изнесуваат 955,29 милиони денари (околу 15,54 милиони евра), што претставува зголемување од 4,71% во однос на претходната година – рече Доневска, додавајќи дека ова е сè уште помалку од предпандемиската 2019 година.

На јавниот состанок беа претставени и програмските активности на АВМУ за третиот квартал од годината.

Share This Article