Пред вас е составот на Националната комисија за УНЕСКО за Северна Македонија – 23 лица кои ја држат судбината на Охридско-Струшкиот регион во свои раце. Но кој се всушност овие луѓе и зошто нивната работа претставува најголемата бирократска пречка за развојот на нашето светско наследство?
Од 23 члена на комисијата, едвај можете да најдете три лица архитекти-урбанисти, а останатото е под знак прашалник. Ова е алармантен податок кога се знае дека комисијата треба да донесува одлуки за:
Како може комисија без соодветна стручна структура да донесува квалитетни одлуки за така сложени прашања?
Во 2019 година се крена голема помпа за заштитата на Охрид и Струга од УНЕСКО. Властите гордо најавија формирање на комисија која ќе ги заштити нашите светски вредности. Резултатот? Комисија која уште повеќе створи проблеми отколку што реши.
Зошто се случи ова?
Затоа што ваков конгломерат од комисија се покажа крајно нефункционална. Наместо заштита, добивме:
Најилустративен пример за катастрофалното функционирање е случајот кога АД Аеродроми Македонија бараше мислење за реновирање на Охридскиот аеродром “Свети Апостол Павле”.
Што се случи?
Ова не е нормално функционирање на институција!
Во изминатите две години, оваа комисија одржа едвај 4 до 5 седници. За споредба, ова значи:
Безброј барања испратени до Националната комисија за УНЕСКО за Македонија чекаат подобри времиња и милост на претседателката Беса Татеши да ја свика комисијата и да дојдат на дневен ред за решавање.
Во постојната комисија има се и сешто:
Таквиот однос на своевидна системска глупост треба да престане!
Премиерот на владата на РСМ мора да најде соодветно решение за ново законско решение:
Тековната структура покажа дека е неспособна за ефикасна работа.
Во рамките на владата или Министерството за транспорт, каде:
Институциите треба да даваат мислења, а не да одлучуваат:
Мислења ќе даваат:
Овие мислења ќе бидат составна документација на барателот до комисијата за УНЕСКО на РСМ.
Претставниците на истите институции НЕ треба да бидат и членови на комисијата!
Националната комисија за УНЕСКО за Северна Македонија во моментов е пример за сè што не треба да биде една државна институција:
Некомпетентна – без соодветни стручни кадри
Неефикасна – 5 седници во 2 години
Неодговорна – блокира развој наместо да го стимулира
Нетранспарентна – работи по милост на претседателката
Охридско-Струшкиот регион заслужува професионална институција што ќе ја штити и промовира неговата вредност, а не бирократска пречка што ја блокира секоја иницијатива за развој.
Времето е да се стави крај на оваа институционална фарса и да се воспостави систем што навистина функционира во интерес на граѓаните и заштитата на нашето светско наследство!
Секој ден на каснење е ден на загуба за развојот на регионот и кредибилитетот на македонските институции.
Сашо Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
