More

    Палевски бара да се доискаже во Обвинителството

    spot_img

    Двајца од адвокатите во случајот која ја потресе јавноста- убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски поднеле приговори за обвинението, кое стигна на адресата на Кривичниот суд во петокот, велат за Телма од Судот.

    Роковите за другите двајца адвокати течат, што значи дека не може да се очекува одобрение за обвинението оваа недела.

    Одбраната на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е обвинет дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка поднесе приговор во понеделникот. Неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ изјави дека нема докази дека Ѓорчевски го сторил кривичното дело кое му се става на грб.

    Она што најмногу шокираше во случајот е токму евентуалната инволвираност на нејзиниот татко кој, според исказите, на останатите обвинети го информирал Љупчо Палевски Палчо за движењето на Вања утрината на 27 ноември, минатата година, кога беше грабната.

    За Палевски истрагата сѐ уште не е завршена, бидејќи 5 месеци беше во екстрадициски притвор во Турција.

    Осомничен е дека е организатор на грабнувањата и извршител на убиствата.

    Неговиот адвокат Марјан Витановски за Телма вели дека Палевски во понеделникот лично поднел барање за дополнение на неговиот исказ, бидејќи за време на неговиот распит не располагал со докази за одредени прашања на Обвинителството. Во меѓувреме Витановски побарал и увид во списите на предметот.

    Палевски за време на распитот кој траеше повеќе од седум часа негирал било каква вина и дека е осомничен заради претходни непријателства и политички недоразбирања со определени претставници од власта.

    Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, се обвинети дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата на Вања и на Панче. Целта, според обвинението, им била да присилат член на потесното семејство на Вања да даде парични средства за откуп.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img