More

    Натпреварувачката на „Голи и исплашени“ Мелани Раушер починала под мистериозни околности во Аризона

    spot_img

    Натпреварувачката на „Голи и исплашени“ Мелани Раушер починала под мистериозни околности во Аризона.

    Мелани, која се појави во две сезони на популарната емисија на каналот „Дискавери“, го чувала кучето во дом во Прескот, Аризона, додека сопствениците биле на одмор, според Кори Касун, портпарол на полицијата во Прескот.

    Сопствениците на куќата во која починала Мелани се вратиле на 17 јули и во својот дом пронашле морничава сцена. Според полицискиот инспектор, Мелани била пронајдена мртва на креветот во гостинската соба, а како што пишува порталот ТМЗ, во близина на нејзиното тело биле пронајдени неколку лименки со компресиран воздух, кој најчесто се користи за чистење прашина од компјутерите, а сè уште не е познато дали Мелани ја консумирала содржината на лименките.

    Полицајците тврдат дека немало очигледни знаци на кривично дело и дека не е пронајдено ништо што укажува на тоа дека се работи за самоубиство, како ниту прибор за дрога, па причината за смртта засега не е позната.

    Мелани учествуваше во шоуто „Голи и исплашени“ во 2013 година и во спиноф шоуто „КСЛ“ во 2015 година.

    Колегите и пријателите се збогуваат со ријалити ѕвездата со трогателни пораки на социјалните мрежи, наведувајќи дека се „скршени од болката од големата загуба“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img