Германски и британски борбени авиони пресретнале три руски извидувачки авиони во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море, соопштија во средата германските вооружени сили.
Тие беа пресретнати од Еурофајтерите на двајца сојузници на НАТО.
Земјите на НАТО Естонија, Летонија и Литванија немаат сопствен борбен авион, па од 2004 година оваа воена алијанса го обезбедува балтичкиот воздушен простор во североисточна Европа.
Сојузниците редовно распоредуваат борбени авиони и персонал во балтичките земји кои граничат со Русија.
На почетокот на април, по осум месеци, германската војска и ја предаде командата на мисијата за воздушно набљудување на НАТО на Велика Британија.
Сепак, германското воздухопловство ќе продолжи да ја поддржува Британија до крајот на месецот.