НАТО ќе ѝ доставува системи за противвоздушна одбрана на Украина за да ја одбрани земјата од напади со руски беспилотни летала.
– Најважното нешто што можеме да го направиме е да го исполниме она што го ветија сојузниците, да направиме дополнителна милја (километар) и да испорачаме уште повеќе системи за воздушна одбрана – рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
НАТО ќе испорача антидронови системи во наредните денови за да се спротивстави на специфичната закана од беспилотни летала, вклучително и оние од Иран.
Украина соопшти дека се соочила со серија целни напади во текот на изминатата недела, при што претседателот Володимир Зеленски објави дека 30 отсто од електраните се уништени.