НАТО и Заедничката команда на здружени сили на НАТО во Брунсум ѝ го честитаа на Македонија Денот на независноста, 8. септември со фотографии и видеа од македонските војници.
„Ретвитнете за да се придружите во прославувањето на нашиот сојузник Северна Македонија на Денот на независноста“, објавено е на официјалниот профил на НАТО на Твитер.
Заедничката команда на здружени сили на НАТО во Брунсум, пак, објави видео од активностите на македонските војници со порака:
„Честит Ден на независноста на нашиот сојузник Северна Македонија! Погледнете го видеото за да прославиме заедно!“.