Американски стратешки бомбардери за првпат се распоредени во Романија, соопшти НАТО.
Два авиони на американските воздухопловни сили B-52H Stratofortress пристигнаа во воздухопловната база Михаил Когалничеану во Романија од воздухопловната база Барксдејл во Луизијана, САД.
Со сојузници и партнери ќе учествуваат во мисиите на НАТО, заради подобра синхронизација на можностите, тактиките и процедурите.
„САД рутински ја демонстрираат својата посветеност кон сојузниците и партнерите на НАТО преку мисиите на оперативните сили бомбардери, обезбедувајќи безбедност и придонесувајќи за одвраќање, особено долж источното крило на НАТО“, рече Алијансата.