More

    Настапот на руските спортисти на ОИ 2024 во Париз сè уште неизвесен

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин го обвини денеска Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за политизирање на спортот во време кога сè уште не е јасно дали руските спортисти ќе можат да настапат на Игрите идното лето во Париз.

    Доколку добијат зелено светло, руските спортисти, веројатно, ќе мораат да се натпреваруваат под неутрално знаме на претстојната Олимпијада. ИОК сè уште нема донесено конечна одлука, но навести дека спортистите не треба да се казнуваат за делата на своите влади.

    Минатата недела францускиот претседател Емануел Макрон порача дека на Игрите во Париз не би требало да се вее руското знаме.

    Коментирајќи ја изјавата на Макрон, шефот на руската држава одговори повикувајќи се на идеалите на Французинот кој ги постави темелите на модерните Олимписки игри.

    – Што се однесува до самото олимписко движење, би го рекол ова. Мислам дека денешното водство на меѓународните федерации, па и самиот ИОК, ја искривуваат изворната идеја на Пјер де Кубертен – спортот треба да биде надвор од политиката – рече Путин.

    Путин додаде дека изминатите неколку децении дошло до „неприфатлива комерцијализација“ на спорот, а Олимписките игри упаднале во замката на финансиските интереси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img