Насмеаниот актер позира со наследникот в раце

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српскиот актер Милош Биковиќ ја објави првата фотографија со синот Василије кој го доби на 9 јануари оваа година со својата избраничка Ивана Малиќ.

 

„Некои важни работи“, гласи описот на фотографијата која актерот ја објави, а на која позира насмеан со наследникот чие лице го прекрил со емотикон. Тој позира со блескава насмевка, без блуза, додека бебето го држи в раце.

Биковиќ и црногорската адвокатка Ивана Малиќ се во врска неколку години, во меѓувреме се свршија, а неодамна станаа родители на прекрасно момче.

Инаку, во изминатиот период Биковиќ беше во фокусот на регионалната, но и светската јавност откако продукцијата на ХБО одлучи да го откаже неговиот ангажман во серијата „Белиот лотос“ по притисокот од Украина, па отидоа дотаму што го обвинија дека поддржува геноцид.

Епилогот на приказната е дека целиот хонорар ќе му биде исплатен од страна на продукцијата на ХБО, а Биковиќ парите ќе ги донира за едукација на младите уметници.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -
Ad image
Share This Article