More

    Наследникот на тронот на Шпанија оваа година полни 18 години и – започнува воена обука

    spot_img

    Принцезата Леонор, наследничка на шпанскиот трон и иден командант на армијата, во септември ќе ја започне својата тригодишна воена обука, соопшти шпанската влада.

    Ќерката на актуелниот крал на Шпанија, Фелипе Шести, во октомври ќе наполни 18 години.

    Кралското семејство донесе одлука дека таа „треба да помине воена обука, како Нејзиното кралско височество и како што е вообичаено во другите парламентарни монархии“, изјави министерката за одбрана Маргарита Роблс за новинарите по состанокот на владата.

    Владата усвои декрет за обука и воена кариера на принцезата од Астурија.

    Министерот за одбрана рече дека обуката ќе започне во септември, кога идниот шеф на државата ќе заврши средно училиште во Велс.

    Принцезата ќе студира една година војска на Генералната воена академија во Сарагоса, потоа уште една година во морнарицата и на крајот една година во воздухопловните сили.

    Леонор ќе стане првата жена на чело на војската во Шпанија.

    Ако принцезата го следи истиот пат како нејзиниот татко, таа подоцна ќе студира на шпански универзитет. Фелипе Шести дипломирал право на Универзитетот во Мадрид.

    Принцезата потоа треба да магистрира во странство, бидејќи нејзиниот татко студирал меѓународни односи на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img