Бројот на уапсени демонстранти во Брисел се зголеми на 63, откако протестите предизвикани од полициското убиство на тинејџер во Франција се проширија и во Белгија, јавува Anadolu.
Апсењата уследија по судирите меѓу демонстрантите и полицијата во областа Анесенс, при што беа уапсени 48 малолетници.
На демонстрациите во четвртокот вечерта во центарот на Брисел, демонстрантите кршеа стакла на автобуските станици и запалија возила.
Протести се одржаа и во Лемоние, што доведе до затворање на метро станицата.
За потсетување, Франција е потресена од протести од вторникот по смртта на Нахел М, кој беше убиен од полицијата во вторникот во париското предградие Нантер бидејќи не застанал поради сообраќаен прекршок.
Француското обвинителство соопшти дека полицаецот кој го уби тинејџерот е обвинет за убиство со умисла и е ставен во истражен затвор.