More

    Насилник ја претепал мајка си, па се заканувал дека ќе го повтори злосторството на Коста К.

    spot_img

    Српската полиција утрово уапси 35-годишен насилник кој се заканувал со масакр, пренесува српски Телеграф.

    Б.П. првин ја претепал мајка си, по што побегнал од дома и ѝ пратил порака дека ќе „направи поголем масакр одошто во Рибникар“, за што жената веднаш ја известила полицијата.

    Жената и претходно го пријавувала синот. Еднаш завршила со скршена рака, но потоа ја повлекла тужбата. Во неговата куќа во Земун не е пронајдено оружје.

    Мажот е предаден на Третото основно обвинителство во Белград.

    Лани на 3 мај се случи масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде момче уби 8 соученици и еден вработен во училиштето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img