More

    Нашата Андријана Петрушовска се пласираше во големото финале!

    spot_img

    Младата и популарна пејачка Андријана Петрушовска во саботата уште еднаш докажа и покажа зошто е една од најсериозните кандидати за победа во големото музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ оваа сезона.

    Нашата Андријана ги освои сите гласови во полуфиналето и со тоа обезбеди директен пласман за во финалната вечер која ќе се одржи во сабота на 8-ми јуни.

    Атрактивната Петрушовска доминираше на сцената и со своите интерпретации ја воодушеви стручната жирикомисија на чело со директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ.

    Веднаш по завршувањето на полуфиналната вечер, Андријана објави фотографии со своите родители и напиша емотивни зборови за нив.

     

     

    „Финалеееееее. МАМА и ТАТО – дефиниција за бескрајна, безусловна и вечна љубов! Мотивација за истрајност и неоткажување од соништата на едно мало девојче! Моите животни ментори и најголема поддршка! Родители, борци, мои херои! Финале за нив и за сите вас кои чекорите со мене во остварување на мојот животен сон!

    Да пееме и славиме во финале! Ве сакам сите! “, напиша Андријана на објавата.

    Затоа, во сабота на 8-ми јуни да ја поддржиме нашата Андријана и да се радуваме на уште една победа на Македонец во„Ѕвездите на Гранд“.

    Погледнете го нејзиниот настап во полуфиналата вечер:

    Нејзиниот настап е на 56:06

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img