More

    Можните казнени тарифи на Европската унија за електричните автомобили од Кина би довеле до значителни промени на пазарот

    spot_img

    Можните казнени тарифи на Европската унија за електричните автомобили од Кина би довеле до значителни промени на пазарот, а ефектите ќе ги почувствуваат крајните потрошувачи како повисоки цени, проценува  Германскиот институт за светска економија (IfW) од Кил.

    Во средината на мај, САД воведоа тешки казнени тарифи за кинеските е-автомобили и батерии за автомобили, полупроводници, соларни панели и други производи поради дампинг.

    Во ЕУ жестоко се дискутира дали треба да се следат САД, а Европската комисија од 2023 година анализира дали Кина ја поткопува фер конкуренцијата на пазарот со државните извозни субвенции.

    Според проекцијата на IfW, европските дополнителни царини од 20% ќе доведат до намалување на увозот на е-возила од Кина за околу 25%. Пресметано во речиси половина милион возила што ЕУ ги увезе во 2023 година, тоа би било за 125.000 возила помалку, со вкупна вредност од околу 3,8 милијарди евра, а меѓу тие возила се и голем број европски марки кои се произведуваат во Кина.

    Според симулацијата на институтот, недостигот може само делумно да се компензира со поголемото производство во ЕУ, а тоа би значело дека дел од претходниот извоз на ЕУ ќе мора да се пренасочи на домашниот пазар.

    -За потрошувачите, конечниот резултат најверојатно би бил повисоки цени за електричните автомобили, бидејќи производството во ЕУ е значително поскапо отколку во Кина поради цената на енергијата и материјалите – изјави експертот за трговија и истражувач на IfW, Џулијан Хинц.

    Тој не е сигурен дека  европските производители ќе можат да ја пополнат празнината што ќе се создаде, и дека кинеските производители како што е BYD, исто така, ќе можат да ја задоволат побарувачката од новите производствени капацитети што ќе ги градат во Европа.

    Според симулацијата, казнените царини би значеле и намалување на европскиот извоз во Кина во сегментот на автомобили и делови.

    Германскиот институт за светска економија нагласи дека не ги зема предвид можните кинески контрамерки во својата симулација.

    Германија, чија силна автомобилска индустрија е најактивна на кинескиот пазар, најмногу се противи на царините.

    Кина веќе предупреди дека ќе одговори со контрамерки што ќе ги погодат ЕУ и САД. Кинеското Министерство за трговија објави дека ќе го ограничи извозот на воздухопловството и воздушната технологија од 1 јули.

    Порталот Politico.eu, повикувајќи се на извори од Европската комисија, пишува дека властите во Пекинг испратиле долго писмо до комесарот за трговија Валдис Домбровскис во кое го изразуваат своето незадоволство поради истрагата на Комисијата и претстојната трговска војна. Прекинг не само што повика на „прекин на огнот“ и запирање на истрагата, туку се закани дека ќе возврати на авијацискиот и земјоделскиот сектор во Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img