НАСА соопшти дека сепак нема да го испрати својот ровер „ВИПЕР“ на Месечината

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американската Национална воздухоплловно-вселенска администрација – НАСА вчера соопшти дека сепак нема да го испрати својот ровер „ВИПЕР“ на Месечината. Одлуката за преиспитувањето и откажувањето на проектот е донесена поради преголеми трошоци, можни идни зголемувања на трошоците и одложувањата на датумот на лансирање.

Проектот, наречен „Испарлив испитувачки поларен ровер за истражување“ (Volatiles Investigating Polar Exploration Rover – ВИПЕР), „ќе биде прекинат по сеопфатен внатрешен преглед“, соопшти НАСА.

Месечевиот ровер ќе биде демонтиран и деловите ќе се користат за други намени.

– Нашите идни мисии максимално ќе ја искористат технологијата и работата вклучени во „ВИПЕР“, притоа зачувувајќи ги критичните средства за поддршка на нашето цврсто месечево портфолио – изјави управителот на НАСА, Никола Фокс.

Според државната агенција, роверот првично требаше да биде лансиран кон крајот на 2023 година, па лансирањето мораше да се одложи за оваа година, па за во септември 2025 година… Лансирањето беше планирано да се изврши со помош на приватната вселенска компанија „Астроботик“.

„ВИПЕР“ беше предвидено да биде спроведен на Јужниот пол на Месечината, со цел да собира примероци од почвата за испитувања.

Share This Article