Народните обврзници се добар тест за пазарот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Издавањето народни обврзници би бил добар тест за пазарот, да се испита како размислуваат граѓаните и инвеститорите, да се задолжи државата на домашен терен, да се испита колкава доверба имаат граѓаните во државата, а верувам дека ќе има интерес, вели во интервју за МИА Ивана Гажиќ, директорката на Загребска берза, којашто учествува со 30 проценти во сопствеништвото на Македонската берза.

Гажиќ ги споделува позитивните искуства во Хрватска со овој инструмент, истакнувајќи дека повеќе од 43 000 луѓе, односно повеќе од еден процент од целокупната популација, инвестирале во народната обврзница.

– Прогнозите беа дека интересот на јавноста ќе биде околу 500 милиони евра, додека остатокот од една милијарда евра беше планиран за институционални инвеститори. Она што се случи при самото запишување ги изненади сите. Имено, само граѓаните запишаа 1,35 милијарди евра, а фондовите запишаа дополнителни 500 милиони евра. Најмладиот инвеститор има 19 години, а најстариот 99 години – објаснува Гажиќ.

Таа во интервјуто се осврнува на работата на Македонската берза, состојбата и потенцијалите за развој на пазарот на капитал, како и претстојните реформи на нашиот пазар поради усогласувањето со европските директиви.

Share This Article