Народната банка изработи и воведе нова веб-услуга за автоматизирано преземање на податоците од Курсната листа, којашто веќе може да се користи напоредно со старата.
Како што се соопштено, старата веб-услуга којашто што е достапна на веб-страницата ќе се користи до крајот на мај 2024 година и дотогаш сите корисници треба да почнат да ја употребуваат новата веб-услуга.
Од Централната банка информираат и дека деловните банки веќе се префрлија на новата апликација и автоматизирано ја читаат Курсната листа секој ден.
Новата апликација на Народната банка за Курсната листа и за курсевите за државните органи е изработена со нови современи алатки.
Воведувањето на новата услуга е во рамките на унапредувањето на ИТ-безбедноста на процесите преку примена на нови технологии коишто се поотпорни на нападите од дигиталниот простор.