More

    Народната банка им овозможува на граѓаните брзо и лесно да добијат извештај од Кредитниот регистар, преку Националниот портал за услуги www.uslugi.gov.mk

    spot_img

    Народната банка им овозможува на граѓаните брзо и лесно да добијат извештај од Кредитниот регистар, преку Националниот портал за услуги www.uslugi.gov.mk – соопшти Народна банка на Република Северна Македонија.

    Олеснувањето на процесите и подобрувањето на услугите, преку користењето на придобивките од дигитализацијата е заложба на Народната банка и таа како регулатор, но и преку личен пример, настојува да се зголеми искористувањето на технолошките придобивки“ – се вели во соопштението на НБРСМ.

    Директна врска за да се извади извештајот за кредитната изложеност е https://uslugi.gov.mk/register.nspx.

    За да ја користат оваа услуга, граѓаните ќе треба да се регистрираат на Националниот портал за услуги. Услугата ќе им биде достапна во текот на 24 часа, на македонски или на албански јазик. Извештајот од Кредитниот регистар ги содржи податоците за вкупната кредитна изложеност на граѓанинот заклучно со последниот датум на податоците со коишто располага Народната банка. Како и до сега, кога услугата се добиваше единствено во просториите на Народната банка, таа е бесплатна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img