Годишен раст од 3,4 отсто на вкупните штедни влогови и од 9,9 отсто на вкупната кредитна поддршка во септември 2022 година, покажува статистиката на Народна банка.
На годишна основа, вкупните шдетни влогови бележат раст од 3,4 отсто, кој речиси во целост се должи на повисоките депозити на секторот домаќинства.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,9 отсто како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор.
Според податоците на Народна банка забележан е раст на заштедите на домаќинствата и компаниите од 0,9 отсто во септември. Во овој месец регистриран е поголем порст на заштедите кај домаќинствата кои повеќе штеделе во странска валута отколку во денари.
Вкупните кредити во септември исто така пораснале за 0,9 отсто што е резултат на растот на кредитите кај компаниите.
Во септември, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапени се станбените кредити кои на месечно ниво се зголемени за 0,9 отсто, а на годишно ниво растот изнесува 12,9 отсто. Следат потрошувачките кредити кои во септемри пораснале за 0,8 отсто.
Кредитите за купување автомобили исто така бележат раст од 0,5 отсто на месечно ниво и 0,8 отсто на годишно ниво.
Во септември, кредитите одобрени на кредитни картички бележат месечен и годишен пад за 0,1 отсто, додека негативните салда на тековните сметки се намалени за 2 отсто на месечна основа, а се непроменети на годишна основа. Кредитите одобрени врз други основи се пониски за 1,2 отсто на месечно ниво и 17,1 отсто на годишно ниво.