More

    Народна банка: Најпаметно е да се штеди во денари

    spot_img

    „Штедењето е еден од битните предуслови за подобар живот на секој поединец и семејство, но и значаен фактор за унапредување на економскиот развој“, истакна Евица Делова-Јолевска, директорка на Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација при Народната банка во гостување на Македонската телевизија по повод Денот на штедењето.

    Делова-Јолевска истакна дека населението е традиционално најзначајниот доверител на домашните банки. Депозитите на населението се со највисоко учество од околу 66% во вкупната депозитна база на банките и историски наназад бележат постојан раст со различна динамика. Така, на крајот на третиот квартал од оваа година, вкупните депозити на населението изнесуваат околу 317 милијарди денари, што е за 16 милијарди денари или за 5,4% повеќе од истиот период минатата година.

    Делова-Јолевска, која зборуваше по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври, рече дека нема никаква дилема дека треба да се штеди во банките, бидејќи депозитите на граѓаните се безбедни, а банкарскиот сектор е стабилен. Таа истакна дека чувањето пари дома воопшто не е препорачливо, бидејќи се подложни на висок ризик од кражба и други несакани ситуации, наспроти нивната сигурност во банките и штедилниците, но и дека чувајќи пари дома, граѓаните губат средства врз основа на камата.

    Народната банка и натаму ја одржува стабилноста на домашната валута, денарот е стабилен и ќе биде стабилен и во иднина, па директорката ја истакна и предноста од штедењето во денари, наспроти девизните депозити.

    „Држењето средства во странски валути е нерационална одлука и прави неоснована штета, бидејќи граѓаните плаќаат повисока цена и за промената на валутите и губат принос, со оглед на тоа дека каматните стапки на девизните заштеди се пониски”, вели Делова-Јолевска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img