Направил тактички потег за да не го убие полицијата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Убиецот Коста Коста Кецмановиќ, кој на 3 мај минатата година уби 9 ученици и обезбедувач на Основното училиште „Владислав Рибникар“, сведочеше на судењето на родителите и без чувства го објасни своето однесување по грозоморното злосторство што го извршил.

Коста изјавил дека по масакрот што го извршил, а пред доаѓањето на полицијата, ја извадил футролата од пиштолот од кој пукал и го фрлил оружјето наземи, објави српски Информер.

– За лична безбедност, за да не ме убие полицијата – одговорил тој на прашањето зошто го сторил тоа.

Овој одговор само покажува дека момчето го испланирало масакрот што го направило и сторило сѐ за да не биде повредено по извршувањето на злосторството.

За потсетување, Коста вчера сведочеше во зградата на Специјалниот суд во судската постапка против неговите родители, таткото Владимир и мајката Миљана, на кои им се суди за тешко кривично дело против општата безбедност, односно за неовластено поседување муниција.

Коста за првпат по 3 мај ја напушти болницата каде што беше затворен, а на судењето дојде облечен во црно и со своите изјави жестоко ги обвини мајка си и татко си за сѐ што се случи.

Момчето одговараше на сите прашања, но честопати правеше долги, речиси драматични паузи пред да даде одговор, па се чинеше дека сè е многу внимателно кажано.

Share This Article