Николас Малвања, 27-годишниот маж од Њу Џерси кој со мобилен ја удри пејачката Бебе Реџа во главата на крајот на нејзиниот концерт во Њујорк, призна дека го фрлил мобилниот поради забава, пренесува „Ен-би-си њуз“.
„Се обидував да видам дали можам да ја погодам со телефонот на крајот од концертот, бидејќи тоа би биде забавно“, рекол Николас, се наведува во тужбата.
Потсетуваме, 27-годишниот маж е приведен по инцидентот на концертот и го чека судење.
Бебе Реџа по ударот со мобилен телефон падна од болка на под, а набргу потоа на сцената пристигна и нејзиниот тим да и помогне.
Подоцна таа се огласи на социјалните мрежи и покажа како изгледа нејзиното лице.
„Добро сум“, напиша кратко таа заедно со две фотографии на кои се гледа пресечена веѓа и очен капак во модринки. Таа добила три конци над окото, рекла нејзината мајка.
ФОТО: Инстаграм