Напаѓачот е ранет откако пукал во американската амбасада во Либан

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
A Lebanese Red Cross vehicle drives by Lebanese army soldiers, near the U.S. embassy in Awkar, Lebanon June 5, 2024. REUTERS/Mohamed Azakir

Вооружен напаѓач утрово пукал во американската амбасада во Либан и бил ранет во размена на оган со војници, соопшти армијата на таа земја, а пренесува Гардијан.

Во соопштението, либанската армија соопшти дека „воените единици распоредени околу американската амбасада во Авкар вршат проверка на околината и работат на спроведување на неопходните безбедносни мерки за одржување на безбедноста на областа“.

Амбасадата соопшти дека изутрината бил пријавен истрел од мало оружје во близина на влезот.

Безбедносен извор за Ројтерс изјавил дека во нападот бил ранет член на безбедносниот тим на амбасадата, а либанските војници го раниле напаѓачот во стомакот.

Амбасадата се наоѓа северно од Бејрут во високо обезбедена област со повеќе контролни пунктови долж рутата до влезот. Таму се пресели по самоубиствениот напад во 1983 година на претходната локација во кој загинаа повеќе од 60 луѓе.

Share This Article