More

    Нападот на Украина требало да се случи многу порано

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин трипати ја одложуваше целосната инвазија врз Украина. Иницијатор на нападот беше Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Руската Федерација.

    Информацијата ја пренесе Вадим Скибицки, заменик-началник на Одбранбената разузнавачка служба на Украина, во интервју за германскиот весник Билд.

    – Според нашите информации, нападот бил одложуван трипати, последен пат во средината на февруари – рече тој.

    Според Скибицки, Путин постојано разговарал за идејата за инвазија со Валери Герасимов, началникот на Генералштабот на руските вооружени сили и Сергеј Шојгу, министерот за одбрана, но ФСБ била таа која инсистирала.

    – Тие (офицерите на ФСБ) беа сигурни дека се доволно подготвени за инвазијата. Тие вложија огромни ресурси и го туркаа Герасимов да нападне – посочи тој.

    Колку била погрешна нивната проценка, говори и податокот дека руските единици за време на нападот на Киев имале залихи на храна, муниција и гориво за само три дена.

    – Сите први цели  не успеаја. Не можеа да го опкружат Киев, ниту да ги заземат Суми, Чернихив и Харков – заклучи тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img