Нападот на Иран врз Израел за нив е одмазда

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Израелската разузнавачка агенција Мосад соопшти дека палестинското движење Хамас го отфрлил најновиот предлог за примирје претставен пред една недела во Каиро од посредници.

„Одбивањето на понудата претставена од САД, Египет и Катар покажува дека лидерот на Хамас во Појасот Газа Јахја Синвар не сака хуманитарен договор или враќање на заложниците“, се вели во соопштението на Мосад објавено од кабинетот на израелскиот премиер.

„Синвар продолжува да ги користи тензиите со Иран со цел да го ескалира конфликтот во регионот“, се додава во соопштението, објавено неколку часа по масовниот напад од Техеран, кој лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и проектили против Израел, без да предизвика значителна штета.

Палестинската милитантна група Хамас денеска соопшти дека иранскиот напад врз Израел бил „природен и заслужен одговор“ на бомбардирањето на конзулатот во Дамаск.

„Ние во Хамас ја гледаме операцијата спроведена од Исламската Република Иран како природен и заслужен одговор на злосторството со гаѓањето на иранскиот конзулат во Дамаск и убиството на неколку водачи на Револуционерната гарда“, се наведува во соопштението на Хамас, пренесено од британските медиуми.

Иран во текот на ноќта изврши напад врз Израел поради, како што тврдат, израелскиот напад на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, што Израел го негира.

Share This Article