Нападнати се две американски воени бази во Сирија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Нападнати се две американски воени бази во Сирија, јави либанската ТВ Ал Мајаден. САД засега сè уште не се огласиле за наводните напади на нивните бази, ниту пак има официјална потврда дека тие се случиле.

Ал Мајадин објави дека бил извршен ракетен напад врз базата Коноко во руралниот дел на северниот регион Деир ал-Зор. Либанската телевизија тврди дека имало и напад со дрон врз базата Ал Танф во близина на сириската граница со Ирак и Јордан.

Извештаите доаѓаат откако малку познатата група наречена Ташкил ал-Варитхен, вчера ја презеде одговорноста за нападот со беспилотно летало врз американската воздухопловна база Ал-Харир во северен Ирак. Тоа беше еден од двата напади со беспилотни летала во текот на вчерашниот ден. Вториот напад бил насочен кон воздухопловната база Ал Асад, потврди американскиот претставник. Во овој напад, дронот бил пресретнат, но сепак успеал да експлодира, нанесувајќи полесни повреди и оштетувајќи дел од опремата.

Share This Article