Белгиската полиција денеска приведе пет лица осомничени за поврзаност со напад врз полициско патролно возило, што се случил синоќа во бриселскaтa населба Сен Жил.
Како што информираше денеска началникот на локалната полиција Јирген де Ландшер, инцидентот се сличил кога неколку лица нападнале полициско патролно возило, откако претходно во текот на денот во Сен Жил биле приведени двајца дилери на дрога.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како неколку млади лица со тврди предмети, тупаници и клоци удираат по полициско возило, по што тоа се оддалечува од местото.
Де Ландшер соопшти дека по нападот локални полицајци, потпомогнати од припадници на белгиската федерална полиција, интервенирале во Сен Жил со цел „да ја смират состојбата“, при што е поврден еден полицаец.
Во тек е полициска истрага за нападот врз полициската патрола, од чии резултати ќе зависи понатамошната кривична постапка.