Непознати лица ја нападнале амбасадата на Белорусија во Хаг, при што е уапсен еден осомничен, соопшти дипломатското претставништво на Белорусија.
„Инцидентот се случил во ноќта меѓу 1 и 2 јули. Како резултат на вандалскиот чин, скршен е прозорец, а фасадата на амбасадата е извалкана“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.
Полицијата го привела напаѓачот.
Холандските медиуми јавуваат дека за време на инцидентот непознати лица скршиле неколку прозорци со камења и напишале на ѕидовите, меѓу кои и обвинувања против претседателот Александар Лукашенко за тероризам.