Напад со дрон врз нафтена рафинерија во јужна Русија, втор ден по ред, предизвика пожар, јави во петокот новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на итната служба.
И руската новинска агенција РИА Новости јави за нападот во кој нема жртви и додаде дека пожарот е изгаснат.
Засега не е јасно кој стои зад инцидентот.
Украинските власти обично не преземаат одговорност за таквите напади на руска територија.
Рафинеријата Илскиј во близина на црноморското пристаниште Новоросијск во провинцијата Краснодар има капацитет за преработка од околу 6,6 милиони тони годишно.
Ова е нападот втор ден по ред, бидејќи во четвртокот вечерта по напад со беспилотно летало се запалил дел од фабриката на рафинеријата Илски, пренесуваат агенциите.