Светскиот топ-модел Наоми Кемпбел на почетокот на новата година објави серија фотографии од кои повеќето вклучуваат моменти со нејзината ќерка.
„Среќна Нова Година. Драги мои, Господ да ве чува среќни и здрави вас и вашето семејство во текот на целата година“, напишала 52-годишната манекенка.
„Нека Божјото присуство никогаш не го напушти вашето срце. Во секое ново поглавје од вашиот живот, Господ нека ви ја даде својата благодат и сила во 2023 година“, се заклучува во објавата.
Манекенката откри и дека дочекот го прославила во бел тесен фустан со наметка. На прославата со неа била и нејзината ќерка.
Кемпбел не го покажува често своето дете. Таа на почетокот на годината позираше со ќеркичката за британското издание на магазинот „Вог“. Наоми по тој повод проговори за зачнувањето дете и за мајчинството.
Откако пред две години манекенката објави дека станала мајка, многумина се изненадија. Претходно не навести дека чека бебе, ниту пак, е познато дали е во врска. Се шпекулираше и дека ќерката на Наоми ја родила сурогат-мајка, пишува „Сан“. Но, познатата манекенка тоа никогаш не го потврди ниту го откри идентитетот на таткото.
ФОТО: Инстаграм