Наместо систем на заслуги, постојат билатерални спорови

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На денешниот настан во рамки на Минхенската безбедносна конференција наменет за пристапот на Балканот кон ЕУ, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека македонскиот пат кон ЕУ започна многу пред да започне евроинтегративниот процес на Албанија, дури и пред Хрватска, но дека за нас системот на заслуги е бајка.

– За нас бајката стана подвижна мета. Ние сме жртви на билатеризација или да бидам попрецизен, нашето придвижување кон ЕУ е многу комплексна. Наместо да ја донесеме Европа до Балканот, ние го донесовме Балканот во Европа. За жал има земји членки на ЕУ кои доаѓаат од Балканот кои донесоа билатерални спорови заедно со нив во Брисел, наместо бриселските вредности да ги донесат на Балканот – рече премиерот Мицкоски на Минхенската безбедносна конференција.

Премиерот ја спомна и промената на знамето на Македонија во 1990-тите години заедно со промената на името од 2017 година како мешање во внатрешните работи на државата поради билатерални спорови.

– Промената на името не беше единствен пример за мешање во внатрешните работи на суверена држава. Да ве потсетам тука беше и промената на знамето. Наш маркер е и останува да биде, да станеме дел од ЕУ, без сомнение. Слушам некои коментари тука дека имало говор во текот на првиот ден од американскиот заменик-претседател Венс и дека тој говор значел големо мешање во внатрешните работи. Промената на името, промената на знамето, промената на валутата, што се? Не се мешање во внатрешните работи. Колку долго треба да патиме од двојните стандарди? Ние тука не зборуваме за процес заснован на системот на заслуги, ние зборуваме за билатерални спорови кои не треба да имаат ништо заедничко со европските вредности – дополни Мицкоски.

Премиерот прашува зошто кога се работи за руската агресија врз правата на украинскиот народ сите се гласни, а се молчи кога е негиран македонскиот идентитет.

– Ние како држава имаме целосно усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ. Ние сме меѓу петте земји најголеми донатори на Украина по глава на жител исто го исполнивме условот од 2% за одбранбени трошоци на годишно ниво. Ние сме целосно усогласени со барањата за надворешната и одбранбената политика. Морам да го истакнам ова прашање, кога Русија го напаѓа и го негира украинскиот идентитет, за што и претседателот Зеленски зборуваше вчера, ние сме сите гласни, критикуваме, се бориме за правата на украинскиот народ и против оваа невидена агресија, но кога парламент на една земја членска од ЕУ го напаѓа и го негира македонскиот идентитет и мојот македонски мајчин јазик, тогаш сите молчат – заклучи Мицкоски и дополни дека Европа нема да биде обединета без сите европски земји. Овој процес ќе трае додека сите аспиранти земји не станат дел од заедничката маса со останатите земји членки на ЕУ.

Share This Article