Хит-серијата на ХБО „The Last of Us“ ја затвори првата сезона со уште еден триумф во серијата. Последната, деветта епизода привлече 8,2 милиони гледачи, соборувајќи го сопствениот рекорд за серијата, а успехот е уште позначаен ако се земе предвид дека беше објавена во текот на телевизиското емитување на овогодинешните Оскари.
Ова не е првпат датумот на објавување на нова епизода на „The Last of Us“ да се совпадне со емитување на важен настан. Поради финалето на Супербол, петтата епизода беше прикажана два дена порано, додека четвртата успеа да привлече 7,5 милиони гледачи за време на преносот на Греми наградите.
Иако во меѓувреме стана најгледаното шоу во историјата на ХБО Макс во Европа и Јужна Америка, премиерната епизода на „The Last of Us“ со 4,7 милиони гледачи заостана зад успехот на стриминг платформата, серијата „House of the Dragon“. Сепак, на крајот ги надмина резултатите од популарниот „Game of Thrones“ со просечна гледаност од 30,4 милиони гледачи по епизода. Интересно е и како во текот на првата сезона се зголемила гледаноста на серијата за цели 75 отсто.
За потсетување, „The Last of Us“ е адаптација на истоимената видео игра на развојното студио Naughty Dog, која првично беше претставена во 2013 година како ексклузива за плејстејшн и беше оценета како најдобра игра на сите времиња. Серијата, базирана на играта, се одвива 20 години откако модерната цивилизација е уништена и го следи криминалецот Џоел, кој го игра Педро Паскал, кој има задача да ја прошверцува тинејџерката Ели (Бела Ремзи) од зоната на карантин.
Со текот на времето, навидум лесната задача се покажува како голем залак за Џоел, бидејќи за време на бруталното патување низ САД, двајцата преживеани се целосно зависни еден од друг.
Серијата го катапултираше до слава американскиот актер роден во Чиле, Педро Паскал, кој го толкуваше главниот лик Џоел Милер во адаптацијата на HBO на истоимената видео игра. Педро се појави порано во некои успешни ТВ-шоуа, како што се сериите „Game of Thrones“ и „The Mandalorian“, но популарноста што ја заслужува поради своите актерски способности ја стекна дури по првите епизоди на „The Last of Us“.