More

    Наместо на траект, завршил во Езеро – Возилото за секунда се наполнило со вода, откако возачот загубил контрола над автобусот

    spot_img

    Надзорната камера на автобусот го снимила драматичниот момент во кој возачот изгубил контрола над возилото кое излетало во езерото.

    Во средата, возач на автобус се обиде да се качи на траект на пристаништето Атабеј во областа Баталгази во источна Турција. Сепак, тој изгубил контрола над возилото, кое паднало во езерото. Страшните моменти од несреќата ги снимила надзорната камера во автобусот.

    Возачот како и патниците доживеале драматични моменти, но за среќа граѓаните кои биле сведоци на несреќата веднаш дошле на помош и почнале да ги кршат стаклата на автобусот за да ги извлечат патниците и да ги однесат на безбедно.

    Надзорната камера од предниот дел на автобусот покажува како возачот почнува да губи контрола неколку моменти пред ужасниот инцидент. Само неколку секунди подоцна автобусот паднал во езерото при што огромно количество вода, како огромен бран, почнала да навлегува во автобусот, пишува Дејли Мејл.

    Мештаните веднаш притрчале да ги спасат патниците и успеале да ги скршат стаклата на автобусот и да спасат дел од преплашените патници.

    Локалната противпожарна служба во Малатја излегла на местото на настанот и им помогнала на останатите патници.

    По итната интервенција, на местото на несреќата пристигнала специјалистичка екипа за подводно спасување за да провери дали во автобусот нема повеќе затрупани лица.

    По несреќата три лица се повредени и пренесени во локална болница. За среќа, никој во автобусот не се здобил со повреди опасни по живот. Во меѓувреме почна да се работи на отстранување на автобусот од езерото, а истрагата за причините за инцидентот е во тек.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img