Наместо јајца, појадувајте јаткасти плодови: Ќе го намалите ризикот од срцев удар

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Јајце секое утро му дава сила на телото, е позната поговорка. Но, излегува дека е подобро да се јаде грст јаткасти плодови за појадок. Замената на јајцето со 25 до 28 грама јаткасти плодови може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести за 17 отсто, заклучија истражувачите.

Научен преглед, објавен во списанието BMC Medicine, покажа дека нема корист од замена на рибите и морските плодови со опции од растително потекло и дека нема докази дека замената на млечните производи може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести. Замената на јајцата со јаткасти плодови или цели зрна, сепак, резултираше со помал ризик од развој на дијабетес тип 2.

Луѓето кои замениле 50 грама преработено месо со иста количина мешунки, како што се леќата, наутот и гравот, имале 23 отсто помал ризик од развој или смрт од кардиоваскуларни болести. Ризикот им бил за 27 отсто помал доколку јаделе од 28 до 50 грама јаткасти плодови наместо преработено месо.

Дополнително, заменувањето на преработеното месо, јајцата, сирењето, путерот или јогуртот со авокадо е поврзано со помал ризик од кардиоваскуларни болести. Сепак, авторите предупредуваат дека податоците се базираат само на резултатите од една студија.

„Многу луѓе го започнуваат денот со јајце или преработено месо за појадок, но резултатите од оваа анализа покажуваат дека можеби е подобро да се заменат овие намирници со растителна храна. Исто така, постојат докази дека луѓето може да имаат корист од замена на месо од живина со растителна храна“, рече д-р Сабрина Шлезингер од германскиот центар за истражување на дијабетес.

Резултатите покажуваат дека замената на путерот со маслиново масло може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести за четири проценти. Најголемото намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести, од 36 отсто, може да се забележи кај луѓето кои заменуваат 50 грама преработено месо дневно со 30 грама цели зрна, сугерира анализата. Замената на црвеното или преработеното месо со јаткасти плодови, интегрални житарки или житарки го намали ризикот од дијабетес тип 2. Најголемо намалување на шансите за рана смрт, од 21 отсто, е забележано кога преработеното месо било заменето со јаткасти плодови.

Share This Article