Наместо бомба, во актовката имало еротски играчки

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Експерти за експлозиви во јапонската полиција оваа недела пристигнале по дојава на паркингот каде што имало сомнителна актовка во која наместо бомба пронашле секс играчки.

Полицијата во Какегава, централна Јапонија, во средата добила повик за актовка оставена на паркингот на градските гробишта, изјави портпаролот на полицијата за АФП во четвртокот.

Сомневајќи се дека се работи за експлозивна направа, на терен е испратена полициска екипа и три часа биле затворени патиштата во радиус од 300 метри.

Локалните медиуми дури мобилизираа и хеликоптер за да ја снимат опасната операција на експертот за експлозиви.

Но, по темелно пребарување, тимот во куферот пронашол само „производи за возрасни“, скромно изјавил портпаролот на полицијата.

Според тамошните медиуми, тоа место е познато како депонија на див отпад.

Јапонската полиција во последните недели е во состојба на готовност поради државниот погреб на поранешниот премиер Шинзо Абе на 27 септември во Токио.

Полицијата е критикувана поради тоа што не го заштитила поранешниот премиер кој беше убиен на 8 јули додека држеше говор за кампањата во градот Нара.

Share This Article