НАМЕСТО 2.000 ДЕНАРИ, ПРЕСТОЈОТ ВО ГРАДИНКА ЌЕ БИДЕ ЏАБЕ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На предлог на градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, Советот на Општината донесе одлука за ослободување од плаќање на надоместок за престој во градинка за сите дечиња, односно Дојран за првпат обезбедува таква социјална услуга за сите дечиња согласно капацитетот на градинката.

Според градоначалникот Ангов, ова е социјална мерка со која во време на голема инфлација излегуваат во пресрет на родителите.

– Општина Дојран се грижи за најмалите и нејзина крајна цел е да се овозможи секое дете да се образува уште од најмали нозе, да се создадат услови на еднаквост помеѓу децата и се овозможува секое дете да има можност да помине период во градинка во својата предучилишна возраст, затоа што децата заслужуваат без никакви пречки да го развиваат својот потенцијал. Само со ваков пристап можеме да инвестираме во иднината на децата, создавајќи услови за социјален и образовен напредок – изјави Ангов.

Инаку, во градинката во Дојран престојуваат околу 60 деца, а месечниот надоместок кој досега го плаќаа родителите изнесуваше две илјади денари.

Share This Article