More

    Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Буково

    spot_img

    Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Буково, соопшти Авто мото сојузот (АМСМ).

    Од АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

    „Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, се наведува во соопштението.

    Од АМСМ потсетуваат дека во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img