More

    Намалена стапка на вакцинација на децата во светот

    spot_img

    Поради зголемениот број конфликти ширум светот, зголемен број деца не примаат вакцини против болести како дифтерија, тетанус и голема кашлица, објавија во понеделникот Обединетите нации (ОН).

    Околу 14,5 милиони деца не биле вакцинирани во 2023 година, во споредба со 13,9 една година порано, проценуваат ОН. Овој број е сè уште помал отколку за време на пандемијата на Ковид-19, кога околу 18 милиони деца не ја примија вакцината.

    ОН веруваат дека дополнителни 6,5 милиони деца не примиле повеќе од една доза, што значи дека не се целосно заштитени.

    Проценките беа направени врз основа на бројот на деца кои примиле една или сите три дози од вакцината ДТП која штити од дифтерија, тетанус и голема кашлица. Вкупно минатата година 84 отсто од децата во светот ја примиле вакцината во целост, што е под нивото потребно за да се спречи ширењето на болеста.

    Земјите каде што продолжуваат конфликтите се особено погодени, предупредија УНИЦЕФ и Светската здравствена организација (СЗО) на прес-конференција минатата недела, пред објавувањето на бројките.

    Најлошо е во Судан, каде граѓанска војна трае веќе 15 месеци. Покриеноста со вакцини таму падна на 57 проценти минатата година од 75 проценти во 2022 година.

    Тоа значи дека речиси 701 илјада деца во Судан не се вакцинирани против смртоносни болести. Бројот на невакцинирани деца на окупираните палестински територии се искачи на 17.000 во деветте месеци од минатата година, покажуваат податоците за периодот до септември. Пред три години ги имаше само илјада, предупредуваат агенциите.

    Судан, Јемен и Авганистан се земјите кои влегоа во листата на 20 земји со најмногу невакцинирани деца во 2023 година.

    Сепак, извештајот на ОН има и позитивни страни. На пример, во 2023 година имало 600.000 деца помалку без ниту една вакцина во Африка во споредба со 2022 година, а покриеноста со ХПВ вакцина исто така се зголемила ширум светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img