Во декември лани издадени се 307 одобренија за градење, што е за 18,8 отсто помалку во однос на декември 2021 година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 102 131 000 денари, што е за 85,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 151 (49.2 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 83 (27 отсто) од нискоградба и 73 (23,8 отсто) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 307 објекти, на 161 (52,4 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 146 (47,6 отсто) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 728 станови, со вкупна корисна површина од 60 719 квадратни квадратни. Најмногу од станови ќе се градат во Скопје 240, од кои 168 во Општина Гази Баба, а 64 во Општина Центар.