Честа да присуствува на традиционалната забава на „Вог“ по доделувањето на наградите БАФТА, ја имаше најжешката хрватска навивачка и претприемачка Ивана Кнол.
Ивана блесна во проѕирна тоалета која ги откриваше сите нејзини облини и секако, бујните гради на Ивана беа во преден план на фотографијата.
Убавата Хрватка ги искористи социјалните мрежи за да се пофали со оваа вест, па својата атрактивна фотографија ја објави на Инстаграм.
„Голема чест е да присуствувам на забавата „БАФТА“. Ви благодарам што ме поканивте“, напиша таа.
Да потсетиме, Ивана Кнол стекна голема популарност во текот на Светското првенство во фудбал во Катар, каде од трибините верно ја бодреше хрватската репрезентација.